Топ-100
Back

ⓘ Географија на Маршалските Острови. Географијата на Маршалските Острови ги опфаќа релјефните и географски карактеристики на оваа островска држава. Маршалските Ос ..




Географија на Маршалските Острови
                                     

ⓘ Географија на Маршалските Острови

Географијата на Маршалските Острови ги опфаќа релјефните и географски карактеристики на оваа островска држава. Маршалските Острови се островска држава во Океанија, поточно во Тихиот Океан. Државата е составена од две островски групи, Ралички Острови и Ратачки Острови. Маршалските Острови имаат 29 атоли и 5 острови. Државата нема копнена граница, но по морските граници ги дели со Микронезија и Кирибати. Главен град на државата е Маџуро, а службени јазици се маршалски и англиски јазик.

                                     

1. Општи податоци

Местоположба: Океанија, поточно северниот дел на Тихи Океан. Соседни држави на Маршалските Острови се Микронезија и Кирибати. Географските координати на државата се 9°00′N 168°00′E.

Површина Вкупната површина на државата е 181.3 км 2. Државата нема значителна водна површина. Маршалските Острови немаат копнени граници.

Брег: Вкупната должина на брегот на Маршалските Острови е 370.4 км.

Морски територии: зона: 24 nm ексклузивна економка зона: 200 nm територијални води: 12 nm

Клима: Климата на Маршалските Острови е тропска. Влажната сезона е од мај до ноември, додека останатите месеци се суви. Државата е во близина на тајфунскиот појас.

Релјеф: Државата е многу ниска во поглед на надморската висичина. Како резултат на глобалното затоплување има опасност од поплавување на островите поради нивната мала надморска височина. најниската точна во државата е Тихиот Океан, додека највисоката точка е во Ликиеп и има 10 метри надморска височина.

Природни ресурси: Државата располага со резерви на фосфат, морски плодови, морски минерали и сл.

Употреба на земјиштето: обработливо земјиште: 0% постојани насади: 60% постојани пасишта: 0% шуми: 0% друго: 40%

                                     

2. Крајни точни

Крајните точки на државата се:

  • источна точка – Нокс, Ратачки Острови
  • северна точна – Бокак, Ратачки Острови*
  • јужна точка – Ебон, Ралички Острови
  • западна точка - Уџеланг, Ралички Острови
Белешка: Маршалските Острови тврдат дека островот Вејк е под нивна контрола, а моментално е под американска контрола. Ако Вејк е под Маршалските Острови, тогаш тој е најсеверна точка.
                                     

3. Надворешни врски

  • "Светска книга на факти" на ЦИА - запис за "Маршалски Острови" англиски
  • Географија на Маршалските Острови - Проект "Отворен директориум" англиски
  • Маршалски Острови на UCB
                                     
  • Ајлук маршалски: Aelok е корален атол во Маршалските Острови Атолот е дел од Ратачките Острови и е составен од 57 мали островчиња. Атолот се наоѓа околу
  • Ајлинглапалап е корален атол во Тихиот Океан. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови Атолот е составен од 56 мали островчиња и воедно претставува
  • корален остров во Тихиот Океан. Островот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и претставува една од општините во државата. Островот има 0
  • Ралички Острови Маршалски Острови Острови во Маршалските Острови Маршалски Острови Еневетак на Oceandots.com Оваа статија поврзана со Маршалските Острови е
  • дел од Ратачките Острови во Маршалските Острови и претставува една од општините во државата. За разлика од останатите атоли и острови во државата, Меџит
  • ненаселен корален атол во Маршалските Острови Атолот се наоѓа во Тихиот Океан и е дел од островскиот венец Ратачки Острови Атолот е составен од 36 островчиња
  • Острови Marshallese - English Dictionary - Place Name Index Маршалски Острови Острови во Маршалските Острови Ралички Острови Маршалски Острови Наму на
  • островчиња во Тихиот Океан. Атолот е дел од Ратачките Острови во Маршалските Острови Вкупната копнена површина на атолот е 0.98 километар квадратен, лагуната има
  • Острови Marshallese - English Dictionary - Place Name Index Маршалски Острови Острови во Маршалските Острови Ралички Острови Маршалски Острови Лае на Oceandots

Users also searched:

...
...
...