Топ-100
Back

ⓘ Институт за национална историја - државна научна установа основана со уредба на владата на НР Македонија од 22 јули 1948 година, со основна задача да ја проучув ..




                                               

Ослободување на Скопје

Битката за Ослободување на Скопје, претставувала многу сложена операција, бидејќи за да биде успешна од голема важност биле успесите на нивните бригади во битките во другите градови со крајна цел да се поврзат 50 та дивизија која била во реонот на Штип со 42 та дивизија која била на Сува Гора, за да можат заедно да нападнат во Скопје. 50 та дивизија незначително задоцнила на позицијата за нивно спојување, а тоа бил реонот на Велес. Нивното доцнење се должело на силниот отпор кој го дале Германците во реонот на Штип, каде 5 та бугарска дивизија воопшто не ни учествувала како било договорено ...

Институт за национална историја
                                     

ⓘ Институт за национална историја

Институт за национална историја - државна научна установа основана со уредба на владата на НР Македонија од 22 јули 1948 година, со основна задача да ја проучува историјата на Македонија и македонскиот народ, на народностите и на етничките групи што живеат во неа. Со посебен Закон за Институтот за национална историја од 1965 година поблиску се определени неговите задачи. Седиштето на Институтот за национална историја е во Скопје. За прв директор е именуван Митко Зафировски, а денешен директор на Институтот е д-р Драги Ѓоргиев.

ИНИ својата дејност ја остварува преку научноистражувачка, издавачка и наставна дејност последипломските и докторските студии.

                                     

1. Историјат

Институтот за национална историја низ годините минал низ неколку фази. Првата фаза е четиригодишниот период од 1944 до 1948 година, која се одликува со силно влијание на југословенската и советската историографска школа. Темелите на идејата за создавање на Институт за национална историја биле псотавени на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година. Бил формиран специјализиран Историски отсек при Главниот штаб на Југословенската армија, за Македонија, со задача да прибира и да подредува архивска граѓа.

Во почетокот на 1948 година, кога Институтот се наоѓал во фаза на организациско оформување, бил формиран Научен совет како претходница на Институтот. Во напорите за прибирање изворни материјали и за формирање библиотечни фондови, најголем придонес имал еден од основоположниците на ИНИ, д-р Љубен Лапе, кој во 1946 година учествувал во преземање на библиотеката и архивата од Македонскиот научен институт во Софија, што е донесена во НР Македонија.

Институтот како самостојна научна институција бил формиран со Уредба бр. 8556, која Владата на НРМ ја потпишала на 20 јули 1948 година. Првото име гласело: Научен институт за национална историја на македонскиот народ, со седиште во Скопје. Во оваа фаза се пристапило кон конципирање на модерната македонска историографија.

Во периодот од 1980-1990 година, започнал процесот на критичко превреднување на научните достигнувања на македонската историографија, и се појавил стремежот да се обработат некои "табу теми" за кои Институтот во претходниот период воопшто не се произнесол.

Во 2008 година бил донесен нов Закон за научно-истражувачка работа, а две години подоцна, Институтот го прилагодил својот Статут со Законот.

                                     

2. Одделенија

Научноистражувачката дејност Институтот ја врши преку седум постојни одделенија:

  • Одделение за проучување на периодот на преродбенското и националноослободителното движење во XIX век до 1912 година
  • Одделение за историјата на македонскиот народ 1913-1941
  • Балканолошко одделение
  • Одделение за историјата на малцинствата на Балканот и иселеништвото
  • Одделение за античка и средновековна историја на Македонија до 1371 година
  • Одделение за историјата на Македонија во време на османско-турското владеење до почетокот на XIX век
  • Одделение за историјата на македонскиот народ 1941-1991

Од 1957 година Институтот издава научно списание "Гласник”.

                                     

3. Директори на ИНИ

  • Михаило Апостолски 1 јануари 1965 - 31 декември 1970
  • Тодор Чепреганов 2001 - 2012
  • Драги Ѓоргиев 2012 - сè уште
  • Владо Ивановски 15 април 1987 - 5 декември 1995
  • Ѓорѓи Абаџиев 1 септември 1950 - 1 април 1952
  • Орде Иваноски 1 јануари 1975 - 1 мај 1979
  • Новица Велјановски 5 декември 1995 - 2001
  • Глигор Тодоровски 1 јануари 1971 - 31 декември 1974
  • Александар Христов 1 декември 1960 - 1 декември 1964 1 април 1979 - 1 април 1983
  • Митко Зафировски 1 август 1948 - 1 септември 1949
  • Методија Соколоски 1 септември 1949 - 1 април 1950 1 август 1956 - 1 декември 1960
  • Љубен Лапе 1 април 1952 - 1 август 1956
  • Данчо Зографски 1 април 1950 - 1 октомври 1950 1 април 1983 - 31 март 1986
  • Манол Пандевски 1 април 1986 - 3 април 1987
                                     
  • географски, етнички и стопански карактеристики. I дел. Скопје: Институт за национална историја стр. 71 72. Симовски, Тодор 1998 Населените места во Егејска
  • Брукхејвенска национална лабораторија англиски: Brookhaven National Laboratory, BNL - научна установа на Министерство за енергетика на САД, една од поголем
  • движење КПЈ КПМ КПГ Југословенски партизани ЕЛАС ЕАМ Татковински фронт Сојузници ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СКОПЈЕ 2008
  • Национална библиотека на Шпанија шпански: Biblioteca Nacional de España, BNE - главна библиотека во Шпанија и една од најголемите во светот. Сместена
  • јануари 2005 година Rajni Bakshi, Бруто национална среќа Оживување, 25 јануари 2005 година Меѓународен институт за менаџмент американско засновано GHN
  • МАНУ. Скопје. стр. 1360. Основање на Историјата, стр. 132. Институт за национална историја Todor Simovski on OpenLibrary Тодор Христов Симовски, Атлас
  • историја од Ѓорѓија М.Пулевски Институт за национална историја Скопје, 2005. стр.5 Пулевски, Ѓорѓија 1892 Славјанско - маќедонска општа историја
  • географски, етнички и стопански карактеристики. дел. Скопје: Институт за национална историја стр. 39. Симовски, Тодор 1998 8 Населените места во
  • Тодор 1998 Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја
  • науки Институт за математика и информатика Институт за механика Институт за паралелна обработка на информацијата поранешен ЦЛПОИ Национална лабораториjа
  • Славјано - маќедонската општа историја од Ѓорѓија М.Пулевски Институт за национална историја Скопје, 2005. стр.5 За македонскиот литературен јазик

Users also searched:

кога е основан институтот за национална историја,

...
...
...