Топ-100
Back

ⓘ Демократска обнова на Македонија е македонска политичка партија на зелената опција. ДОМ била основана на 26 ноември 2005 година, а своето основачко собрание го ..




Демократска обнова на Македонија
                                     

ⓘ Демократска обнова на Македонија

Демократска обнова на Македонија е македонска политичка партија на зелената опција. ДОМ била основана на 26 ноември 2005 година, а своето основачко собрание го одржа во Скопје на 28 јануари 2006 година. Тогаш за претседател на партијата беше избрана Лилјана Поповска, која, по своето повлекување од Либерално демократската партија, беше главниот иницијатор на ДОМ. ДОМ по само неколку месеци од своето формирање учествуваше на Парламентарните избори во 2006 и на нив успеа да добие едно парламентарно место, пратеник стана претседателката на ДОМ Лилјана Поповска. На овие парламентарни избори ДОМ освои околу 20 000 гласови на национално ниво. ДОМ како парламентарна партија влезе во владината коалиција, која ја предводеше ВМРО ДПМНЕ, со заменик министер за животна средина и просторно планирање. Во периодот помеѓу 2006 и 2008, ДОМ имаше нагласена активност во промоцијата на туризмот,културата, науката,образованието итн. Од програмските определби на ДОМ: одржлив економски развој, заштита на животната средина, заштита на културниот и националниот идентитет и почитувањето на истиот на другите еднички групи, силна меѓународна соработка и политика на ненасилство и толеранција, јасно произлезе дека по својата суштина ДОМ е партија на Зелените. Тоа официјално било прогласено со Зелениот манифест на ДОМ од 2008. ДОМ силно се залага за правата на жената, обновливи извори на енергија, туризам, наука, заштина на животна средина, еко-земјоделство, демократија, почитување на човековите права, зелени работни места. еднакви можности за сите, против дискиминацијата во општеството итн.

                                     
  • Демократска партија на Турците турски: Türk Demokratik Partisi - политичка партија, претставник на етничките Турци во Република Македонија Претседател
  • на Ромите на Македонија Демократска лига на Бошњаците, Демократски сојуз на Власите, Демократска партија на Србите, Демократска партија на Турците, Работничка
  • партија на Македонија Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија Демократска партија на Турците на Македонија Демократска партија на Србите
  • орган на државната власт на Демократска Македонија со кој се менува местото и улогата на Президиумот во системот на власта на Федерална Македонија Врз
  • Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија АСНОМ - врховно законодавно и извршно тело на Демократска Федерална Македонија во периодот од
  • Европска банка за обнова и развој англиски: European Bank for Reconstruction and Development скратено ЕБОР или ЕБРД - меѓународна развојна банка, која
  • партија на Македонија Демократска партија на Србите во Македонија Сојуз на Ромите од Македонија Партија на правдата, Граѓанска опција за Македонија Странка
  • со манифестирање на македонскиот културно - историскиот идентитет, па сè до барања за обнова на Охридската архиепископија, изградба на посебен македонски
  • СПМ стапува во коалиција со Демократска алтернатива и со Демократскиот сојуз, наречена Третпат По повлекувањето на ДА од коалицијата пред локалните
  • Лилјана Поповска ја формира Демократска обнова на Македонија 30 ноември - Тито Петковски ја формира НСДП, како реакција на незадоволството кое подолго

Users also searched:

...
...
...