Топ-100
Back

ⓘ Институт за јавно здравје е институција на Република Македонија која има фунција заштита и превентива на населението од болести. Институтот е важна мултидисципл ..




Институт за јавно здравје
                                     

ⓘ Институт за јавно здравје

Институт за јавно здравје е институција на Република Македонија која има фунција заштита и превентива на населението од болести. Институтот е важна мултидисциплинарна, научна и наставна установа, која дејствува во областа на превентивната медицина во Македонија со тендеција да прерасне во референтна и меѓународно стручно призната институција.

                                     

1. Историја

Бил формиран како Завод за тропски болести во Скопје, на 10 јануари 1925. Потоа бил преименуван како Хигиенски завод, чија функција била заштита и унапредување на здравјето на луѓето. Формиран бил под покровителство на д-р Andrija Štampar и со учество на Рокфелеровата фондација во Скопје. Оваа медицинска установа од превентивен карактер дејствувала во услови кога главно обележје на националната патологија во тој период биле заразните болести.

Во времето на Втората светска војна постоел под името Областен хигиенски институт во Скопје 1941-1945, а потоа под името Бактериолошко-хемиски институт. Од 1953 година функционирал како Централен хигиенски завод - Скопје, а од 1962 е преименуван во Републички завод за здравствена заштита.

Во 2010 е преименуван во Институт за јавно здравје на Република Македонија.

                                     

2.1. Организациона структура Регионални заводи

РЗЗЗ се состои од 10 општински заводи, со кои се опфаќа целата територија на Македонија:

  • ЗЗЗ Струмица
  • ЗЗЗ Кочани
  • ЗЗЗ Штип
  • ЗЗЗ Битола
  • ЗЗЗ Прилеп
  • ЗЗЗ Охрид
  • ЗЗЗ Велес
  • ЗЗЗ Тетово
  • ЗЗЗ Куманово
  • ЗЗЗ Скопје
                                     

2.2. Организациона структура Сектори

РЗЗЗ има 5 сектори и тоа:

  • Сектор за епидемиологија и микробиологија кој ја води, ја обединува и координира епидемиолошко-микробиолошката дејност во републиката и укажува стручно-методолошка помош. Составен е од 5 одделенија

1. одделение за заразни болести,

2. одделение за тропски и карантински заболувања и СИДА,

3. одделение за вирусологија,

4. одделение за бактериологија и

5. одделение за паразитологија

  • Сектор за хигиена и заштита на човековата околина кој претставува статутарно определена организационо-техничка единица на Републичкиот завод за здравствена заштита. Стручната активност на овој сектор претставува основна карика на националната политика во областа на превентивно-медицинската, пред сè здравствено-еколошката дејност во Македонија. Функционирањето на секторот се одвива преку следните организациони единици

1. Одделение за радиациона дозиметрија

2. Одделение за хигиена на води и комунална хигиена

3. Одделение за испитување на здравствена исправност на водите

4. Одделенбие за хигиена на исхрана

5. Одделение за контрола на квалитет на прехранбени производи

6. Одделение за контаминети и екотоксикологија

7. Одделение за испитување на здравствената исправност на предмените за општа употреба

8. Одделение за радиоекологија

9. Одделение за медицина на трудот

10. Одделение за храна и диететско советувалиште

  • Сектор за социјална медицина чија дејност е остварување на програмски, научно-истражувачки и воспитни активности. Се состои од 5 одделенија

1. Одделение за организација, планирање и развој на здравствената дејност

2. Одделение за здравствена статистика и информатика во здравството

3. Одделение за здравствено воспитание, историја на медицината и публицистика

4. Одделение за економика во здравствотo

5. Одделение за контрола и превенција на повреди и насилство

  • Сектор за контрола и испитување на лекови кој врши лабораториски испитувања хемиски, микробиолошки и биолошки на лекови, помошни лековити средства и медицински помагала. Составен е од 6 одделенија

1. административен дел

2. одделение за регистрација

3. физико-хемиска лабораторија

4. биолошка лабораторија

5. микробиолошка лабораторија

6. биохемиска лабораторија

  • Сектор за правно и финансиско работење


                                     
  • за зближување со Кралството на СХС. Го потпишал Мајскиот манифест за обединување на македонските револуционерни сили 1924 но пред убиството јавно се
  • Концептите за нанотехнологијата датираат уште пред самата употреба на името нанотехнологија. Во 1959 година на Калифорнискиот технолошки институт професорот
  • Четничкиот институт и творец и воспитувач на првите организациско - агитациони чети и војводи. Заедно со Ѓорче Петров изработиле Правилник за четите. Со
  • бил мајстор кој некое време имал фирма за хемиско чистење, но, исто така имал лошо здравје Откако слушнал за талентот на ќерка ѝ, работодавачот на Мери
  • професионална организација за информатика во Германија. Предисторијата, историјата и иднината на медицински информации и здравје и информатичката технологија
  • администрација за безбедност и здравје при работа OSHA како законски дозволена граница на изложеност PEL на работното место. Национален институт за безбедност
  • Running Dry, Executive Summary Светски ден на водата 22 март, Институт за јавно здравје 19 март 2009 2 Петар 3: 5 What were Jinn s created from? Internet
  • посветен на МО бил институтот за последипломски студии за меѓународни студии сега последипломски институт за меѓународни и студии за развој кој беше формиран
  • резултатите од овие испитувања се поттикнале кампањи за јавно здравје за да се подобри свесноста за хипертензијата и да се промовира мерењето и лекувањето

Users also searched:

...
...
...