Топ-100
Back

ⓘ Антропологија е наука што се занимава со изучување на човештвото. Антропологија е холистичка наука заради две причини: таа се занимава со човечкото битие само п ..




Антропологија
                                     

ⓘ Антропологија

Антропологија е наука што се занимава со изучување на човештвото). Антропологија е холистичка наука заради две причини: таа се занимава со човечкото битие само по себе во различните периоди од неговиот развој, како и со различните димензии она што не прави луѓе сите нас. Во центарот на антрополошките изучувања се наоѓа концептот култура низ кој нашиот вид го развил универзалниот капацитет да го согледува светот низ симболи, да учи и предава такви симболи во рамките на едно општество, како и да го менува светот врз база на тие симболи. Основна карактеристика што традиционално ја изделува антропологијата од другите хуманистички дисциплини е нејзиниот акцент на меѓукултурните споредби.

                                     

1. Поддисциплини

  • археологија, која ги изучува материјалните остатоци од општества. Самата археологија обично се смета како одделно но поврзано научно поле.
  • културна антропологија наречена уште и социјална антропологија и социо-културна антропологија. За оваа научна дисциплина постојат уште два термина -" етнографија" во источноевропските земји и терминот" етнологија" во другите европски земји. Термините" културна антропологија, социо-културна антропологија" што денес доминираат, потекнуваат изворно од англосаксонското подрачје, но во разни европски земји се користат термини кои се во согласност со нивната традицијата во областа на терминологијата. Ова поле покрива социјални мрежи, дифузија, социјално однесување, шема на сродство, право, политика, идеологија, религија, верувања, шеми во производство и потрошувачка, размена, пол и други изрази на култура, со силен акцент на истражување на терен т.е. живеење меѓу општествените групи што се проучуваат на подолг временски период;
  • физичка антропологија, која го изучува однесувањето на приматите, човечката еволуција и популационата генетика; ова поле исто така се нарекува биолошка антропологија;
  • лингвистичка антропологија кој ги изучува варијациите во јазикот преку време и простор, општествената употреба на јазикот, и врска меѓу јазикот и културата; и

Антрополошките програми се почесто го делат полето во две групи, едната со акцент на хуманистичките науки и критичката теорија, другата со акцент на природните науки и емпириските набљудувања (претставувајќи лабава форма на логички позитивизам

                                     

2. Поврзано

  • Mapping Transdisciplinarity in Human Sciences pdf
  • Fundamental Theory of Anthropology ppt
  • Институт за етнологија и антропологија при Природно-математички факултет на Универзитет "Св. Кирил и Методиј" во Скопје.
                                     

3. Познати антрополози во светот

Луис Хенри Морган; Бронислав Малиновски; Јозеф Обрембски; Алфред Реџиналд Ретклиф Браун; Франц Боас; Едмунд Лич; Клод Леви-Строс; Маргарет Мид; Рут Бенедикт; Клифорд Гирц; Томас Хиланд Ериксен; Жорж Баландие; Тед Луелен; Марк Абелес.

Users also searched:

...