Топ-100
Back

ⓘ Живот - со шахот е шаховска книга, дело на поранешниот советски и унгарски шахист Андор Лилиентал. Делото претставува збирка од 60 партии, одиграни од страна на ..




Живот - со шахот
                                     

ⓘ Живот - со шахот

Живот - со шахот е шаховска книга, дело на поранешниот советски и унгарски шахист Андор Лилиентал. Делото претставува збирка од 60 партии, одиграни од страна на авторот, до периодот во кој е напишана книгата. Ова дело се појавува и е предмет на споредба со Моите 60 незаборавни партии на Фишер, не само поради бројот на партии, туку и поради пристапот во анализата на партиите, нивниот избор и разновидноста која ја нудат овие 60 партии, во поглед на отворањата, комбинациите во средишницата и големиот број на мотиви, коишто се јавуваат. Книгата е напишана на руски јазик во 1969 година.

                                     

1. Содржина

Делото е поделено на три поглавја, при што последното претставува систематски преглед на отворањата одиграни во партиите.

Првото поглавје претставува автобиографија, која на читателот му овозможува да се запознае со дотогашниот живот, мислењето за шахот и стилот на игра на авторот.

Второто поглавје содржи анализа на шеесетте партии одиграни од страна на авторот во периодот до составувањето на оваа збирка. Меѓу нив, анализирани се партии против 5 светски прваци и шахисти кои своевремено бле во шаховскиот врв, како Рихард Рети, Савели Тартаковер, Мигел Најдорф, Марк Таиманов и други. Неколку од нив биле прогласувани и за најдобри партии на турнирите на кои биле одиграни. За разлика од многу други шаховски книги, кои содржат само победи на авторот на тоа дело, во ова дело, авторот анализирал и 1 пораз против Алехин и 2 реми партии против Алехин и Флор.

Во партиите, Лилиентал одиграл 15 различни отворања, што доволно зборува за неговата разновидност во играта и успешноста на секое одиграно отворање. Најголем број од анализираните партии се развиле по настанувањето на Нимцовичовата одбрана и Староиндиската одбрана, која му овозможува на авторот да се вброи меѓу ретките кои го играле ова отворање со толку голем успех во турнирските партии со најдобрите шахисти во светот. Само 2 партии започнале со Сицилијанска одбрана.

                                     

2. Стил на пишување

"Живот - на шахот" е дело, кое како што вели авторот ја нуди можноста, веќе еднаш човек да се запознае со оваа мудра игра шахот. Естетско делото е одлична литература за љубителите на шахот, која овозможува лесно читање и брзо навлегување во суштината на партиите. Сите партии се нумерирани и воведени со отворањето со кое започнуваат. Сите партии се поткрепени со дијаграми, на кои се претставени сите настанати критични позиции, на позначајните и поефектни партии, авторот дал и подетална анализа.

                                     
  • човекот избор и превод на амхарски сказни, 1994 Среќата за Зумхурд шахот избор и превод на ирански сказни, 1994 Волшебниот мртовец избор и превод
  • презимам во Ерзурум и потоа да тргнам против шахот Во меѓувреме дошло до повторно влошување на односите со Австријците. Турците сакале да постават свој
  • општество во старата монархија. По неговата смрт е објавено и делото Новела за шахот 1941 Како раскажувач, Цвајг ја продолжува традицијата на виенската психолошка
  • првак меѓу Ласкер и Шлехтер во 1910 година. Наскоро се посветил целосно на шахот и започнал да постигнува забележителни резултати. Својот врв во кариерата
  • книги за шахот некогаш напишани. Капабланка го сметал шахот како одлично средство за воспитување и развој на интелигенцијата и сметал дека со изучување
  • спротивната страна. Соработувал и со многу од неговите противници, меѓу кои и со Олдрих Дурас. Работел и како уредник во врска со шахот во неколку виенски весници
  • 3 - 7069 - 0338 - 5 Јирг Сејдел: Дали навистина играме шах или војна? Важноста на шахот во работата на Арнолд Цвејг. Едиција основна серија, Росток 2006 година
  • 32 години, но покажува искуство и занает, сигурно сметајќи за нешто во шахот Benko, Pal. Silman, Jeremy. Pal Benko: My Life, Games, and Compositions
  • Сицилијанската одбрана била анализирана од Џулио Полерио во негов ракоопис за шахот од 1594, во која тој не го употребил терминот Сицилијанска одбрана Подоцна
  • случај, во Вроцлав се запознал Адолф Андерсен, па за кратко време го засакал шахот Оваа нова страст, не го спречила Цукерторт да пројавува интерес во другите
  • Ракометни клубови: РК Куманово, ЖРК Куманово Боксерски клубови: БК Куманово Шахот во Куманово датира уште од 1930 женски и машки Атлетика: атлетскиот клуб

Users also searched:

...
...
...