Топ-100
Back

ⓘ Лекар или доктор – специјалист по медицина. Лекарот е стручно лице кој практикува медицина, која се занимава со промовирање, одржување или обновување на здравје ..




                                               

Варшини Пракаш

Варшини Пракаш - климатски деец и извршен директор на Движењето "Изгрејсонце", организација 501 која ја ко-основала во 2017 година. Во 2019 година била вклучена во списокот на Time 100 како една од 100-те највлијателни личности за годината и била носител на наградата на Клуб Сиера Џон Муир истата година.

Лекар
                                     

ⓘ Лекар

Лекар или доктор – специјалист по медицина. Лекарот е стручно лице кој практикува медицина, која се занимава со промовирање, одржување или обновување на здравјето преку проучување, дијагностицирање и лекување на болести, повреди и други физички и ментални нарушувања. Лекарите може да ја фокусираат нивната пракса врз одредени категории на болести, видови на пациенти и методи на третман, познати како специјалности, или да ја насочат нивната одговорност на обезбедување континуирана и сеопфатна медицинска грижа за поединци, семејства и заедници - позната како општа пракса. Медицинската пракса бара детално познавање на академските дисциплини, основните болести и нивниот третман, но исто така бара и компетенции во примена на овие знаења во практиката – знаење и умеење на медицината.

Улогата на лекарот и значењето на самиот збор варираат во целиот свет. Потребните квалификации варираат во голема мера, но постојат некои општи елементи, како што е медицинската етика која бара лекарите да покажат внимание, сочувство и добронамерност за своите пациенти.

Во Македонија доктор станува лице кое завршило медицински факултет чие траење е 6 години по чие завршување се стекнува со звање "доктор по медицина". Како и во многу други држави за да може лицето самостојно да работи предуслов е да добие лиценца за што треба да полага стручен испит.

После студиите можно е да се продолжи со специјализација за одредена специјалност. Специјализацијата трае од 4 до 6 години во зависност од гранката на специјализација.

                                     

1. Опис на работата

Докторите се бават со унапредување на здравјето, спречување на болести, откривање на болести, лечење на болните и медицинска рехабилитација. Во текот на студиите и пробната работа се оспособуваат за работа во поглед на примарна здравствена заштита, односно за подрачјето на општа медицина. Нивната работа вклучува дијагностицирање на болести и лечење на болни кои бараат помош во ординација, дома или на местото на несреќа. Докторите ги прегледуваат своите пациенти, земаат анамнеза при што водат сметка за телесните, психичките и социјалните аспекти на болестите, упатуваат на контролни анализи, ги толкуваат добиените наоди и на таа основа ја дијагностицираат болестите или повредите. Ја проценуваат итноста и тежината на состојбата на болните, потребата од упатување на специјалистички преглед или болничко лечење, како и опасностите за околината. Пропишуваат лекови и други начини на лечење и го следат текот на болеста и успешноста на лечењето. Заради осигурување на целокупна здравствена заштита соработуваат со други лекари, особено со специјалисти на клинички и други струки, патронажни сестри и медицински сестри во установите за нега и рехабилитација, физиотерапевти, социјални работници и други стручњаци.

                                     
  • приказните, Вотсон живее со Шерлок Холмс на 221Б Бејкер Стрит и по професија бил лекар Џон Вотсон е прераскажувачот на приказните за Шерлок Холмс, поточно во
  • Владимир Серафимоски роден на 3 јуни 1948 година во Гостивар - македонски лекар професор и научник од областа на гастроентерохепатологијата и медицинските
  • тетовско, 1785 - Тетово, 17 јануари 1864 бил првиот дипломиран македонски лекар Павлов е роден во тетовско 1785 година. Рано останал без родители и бил
  • весникот Чемберс Единбург Журналс на 20 годишна возраст. Потоа, Конан Дојл бил лекар на брод што се движел на релација до Западна Африка. Тој го завршил својот
  • Од 1939 до 1941 г. е хонорарен лекар на Интерното одделение во Железничката и во Армиската болница во Скопје, лекар на Интерното одделение и шеф на Градното
  • Д - р Димитар Несторов Струга, 1890 година - Ниш, 1968 - македонски лекар и општественик. Основно образование стекнува во Струга, а класична гимназија
  • септември 129 о. 200 о. 216 попознат како Гален од Пергам - познат грчки лекар и филозоф во Римското Царство. Тој бил еден од најпознатите истражувачи
  • Реџеп Селмани - македонски лекар професор и политичар од албанско потекло. Во периодот од 1 ноември 2002 до 15 ноември 2004 година бил Министер за здравство
  • Брауншвајг - Магдебург. Јохан Хајнрих Мајбом 1590 1655 - лекар и универзитетски професор Паул Готлиб Верлхоф 1699 1767 - лекар и поет Јохан Андреас Грефер 1746 1802

Users also searched:

матични лекари, промена на матичен лекар,

...
...
...