Топ-100
Back

ⓘ Индустриски дизајн има двојна примена. Тој служи за да ја задоволи потребата од убаво и корисно. По својата суштина и по својот облик, со кој и се презентира на ..




Индустриски дизајн
                                     

ⓘ Индустриски дизајн

Индустриски дизајн има двојна примена. Тој служи за да ја задоволи потребата од убаво и корисно. По својата суштина и по својот облик, со кој и се презентира на јавноста, тој се наоѓа на половина пат, меѓу пронајдокот и "чистата" уметност. Правната заштита на индустрискиот дизајн е некаде на средината меѓу пронаоѓачкото и авторското право. Индустриската сопственост е заинтересирана за страната на овие творби, што има карактер на утилатералност - за нивната индустриска применливост. Авторското право, пак, е заинтересирано за нивната друга страна - за уметничката. Правната заштита на индустрискиот дизајн се состои во заштита на дистинктивните елементи на кои се должи успехот на пазарот. Правната заштита на индустрискиот дизајн покрај другото, го интензивира инвестирањето во ресурсите кој го негува, го форсира дизајнот, како елемент на производството. Заштитата на индустрискиот дизајн, во одделни земји, е решена на различни начини.

Како услови на заштита кај индустрискиот дизајн, споредбеното право ги утврдува новоста и индустриската и занаетчиска применливост.

Македонскиот законодавец се определува за принципот на универзална новост - дизајнот суштествено да се разликува од оној кој порано бил пријавен и достапен на јавноста без територијално ограничување, со тоа што дозволува да е ист со порано достапен дизајн на јавноста, ако пријавата за дизајнот била повлечена пред објавување на решението со кое се признава правото на индустриски дизајн. Според Законот за интелектуална сопственост од 2002 година, се смета дека дизајнот станал достапен на јавноста:

  • ако е објавен како пријава или како признато право од индустриска сопственост;
  • ако е изложен или користен на пазарот; и кога
  • во вообичаени услови на деловно работење станал познат во соодветни стручни кругови специјализирани за дадената област.
                                     

1. Постапка за стекнување

Во светот се познати два система за признавање на правото на индустриски дизајн. Тоа е системот според кој се врши целосно испитување и системот според кој се врши само испитување на пријавениот индустриски дизајн во однос на апсолутните пречки за регистрација, а не и на релативните.

                                     

2. Индустрискиот дизајн во Македонија

Во 2016 година, во Македонија биле поднесени вкупно 325 пријави на индустриски дизајн 22 домашни и 303 странски, една година подоцна имало 288 пријави 35 домашни и 253 странски, а во 2019 година, бројот на пријавите на индустриски дизајниизнесувал 279 34 домашни и 245 странски. Набљудувано од земји, во пријавите на индустрискиот дизајн, 76 биле од Швајцарија 27.8%, 37 од Германија 13.6% и 30 од Франција 11%, додека учеството на македонските пријави изнесувало 12.18%.

                                     

3. Надворешни врски

  • International Council of Societies of Industrial Design
  • Doodles, Drafts and Designs: Industrial Drawings from the Smithsonian 2004 Smithsonian Institution Libraries
  • U.S. Department of Labors Handbook: Commercial and Industrial Designers
                                     
  • често инспириран од грчко - римската традиција. Слична ваква експлозија во дизајн и генерална културна ренесанса се случила во северна Европа, започнувајќи
  • аспекти на ботаника, хортикултура, ликовна уметност, архитектура, индустриски дизајн педологија, животна средина, географија, и екологија. Големината
  • Специјализирал индустриски дизајн во Хонберг, Германија. Завршил училиште за применета уметност во Скопје, а специјализирал керамички дизајн во Хајнберг
  • реализиран индустриски дизајн Награда за урбанистички план или проект Награда за проект од внатрешната архитектура и индустрискиот дизајн Специјална награда
  • производот, паралелен процес фокусиран на визуелни и индустриски дизајни. Визуелната рамка за дизајн ги дефинира атрибутите на искуство, визуелниот јазик
  • така има одредени разлики во националните решенија како и патентот и индустриски дизајн Предметот на заштита со корисен модел како во научната литература
  • Академијата за применета уметност во Белград. Дизајнирала стакло и порцелан за индустриски потреби. Предава на Факултетот за ликовна уметност и на училиштето за
  • хрватскиот парламент во вториот и третиот собир. Тој го зеде прободениот индустриски дизајн во 1970 - ти со 500 - парче рачно изработена садо за салони од Тимо Сарпанева
  • студирал на Школата за уметности и занаети, а потоа се запишал на индустриски дизајн и архитектура на институтот Парт во Њујорк. Свое студио отворил во
  • пронајдоците од сите полиња на човековата активност научните откритија индустриски дизајн трговски и услужни марки, комерцијални имиња и ознаки заштита против

Users also searched:

...