Топ-100
Back

ⓘ Сенка Анастасова е докторка по филозофски науки, доцентка при Институтот за општествени и хуманистички науки Скопје. Оhд 2008 година е основачка и раководителка ..




                                     

ⓘ Сенка Анастасова

Сенка Анастасова е докторка по филозофски науки, доцентка при Институтот за општествени и хуманистички науки Скопје. Оhд 2008 година е основачка и раководителка на Истражувачкиот центар во науката и уметноста - Скопје. Доцентка е по предметите: Вовед во студиите на културата, Современи теории на културата, општеството и родот, Вовед во постколонијална критика, Теории на наративните идентитети, Визуелна култура, Теорија на секојдневие и медиуми на постдипломските студии на Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје. Членка е на Асоцијацијата за политички студии во Велика Британија. Го основала Комитетот за феминистичка политичка теорија и Феминистичката истражувачка група при Научно-истражувачкиот центар во Скопје. Објавува теориски книги и студии во периодиката. Активно предава ширум светот. Се занимава со создавање, критичка теорија и интерпретација на перформативното уметничко дело од 1997 година.

                                     

1. Образование и научна дејност

Дипломирала на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје 2001. Магистрирала на истиот факултет во 2005 г. Докторирала на Филозофскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 2011 г. во домен на критичката теорија и филозофијата на масовната култура со тема: "Бирмингемската школа, британските културни студии и современата популарна култура". Во 2005 г. британската фондација "Бритиш Сколаршип Траст" British Scholarship Trust ѝ доделува грант за студиски престој во Лондон. Нејзините специјалистички студии ги остварувала во Лондон на Универзитетот Гринич со Сју Голдинг a.k.a johny de philo, професорка на Катедрата за Креативни, критички и комуниколошки студии и на Универзитетот Лондон и со Клер Колбрук Claire Colebrook професорка и експертка за Жил Делез на Универзитетот Лондон. За нејзината научно-истражувачка работа ја добила британската награда "Воја Кондиќ" во 2006 г. Престојувала во Сиднеј, Австралија, на Универзитетот Меквори, а научните истражувања ги спроведувала со Марсел Фрајман Marcelle Freiman, професорка во доменот на постколонијалната критика и кретаивното пишување. Активно соработувала со Марина Гржиниќ Marina Grzinic, професорка и виш истражувач од Словенечката академија за науки и уметности во Љубљана во доменот на уметноста, новите облици и технологии на комуникација, денес. Предавала на Универзитети во Белгија, Холандија, Финска, Грција.

                                     

2. Уметничка дејност

Анастасова живеела на релација Македонија-Хрватска-Словенија до 1990, во време на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија- период што подоцна ќе го истражува во развојот на теориите на идентитетот и поделениот/шизматичен идентитет, преку развој на филозофските концепти на Пол Рикер и Жак Дерида. Таа ги актуелизира категориите: фикција, стварност, наратологија, теорија на раскажувањето, историја, историографија, референтна стварност, модалитети на имагинарно посредување, идеологија, контекст, идеолошка мимикрија, метафикција, метаисториографија. Активно дејствува во контекст на алтернативната и субкултурна сцена. Фокус на интерес ѝ се "новите" артистички практики, имагинариуми на дејствување, "транзитивна" состојба на уметничкиот текст, културната и општествената стварност. Се занимава со теорија на движење во простор, режија, истаржување на хибридните облици на израз, инсталации, видео арт, со фокус врз политичкиот перформативен миг. Основач е на уметничкото Ателје "Стоногалки".

                                     

3. Теорија

Анастасова истражува во доменот на субкултурата, тривијалната култура, политичката филозофија, non-philopsophy, радикалните студии на културата и постколонијализмот. Нејзините сегашни истражувања 2014 се поврзани со постфеминизмот, постфеминистичката политичка економија, мотивирани од критичкото преиспитување на капитализмот и неолиберализмот денес.

                                     

4. Библиографија

  • Вовед во студии на културата: современа популарна култура теорија, 2012
  • Наративни идентитети: Криста Волф и Дубравка Угрешиќ теорија, 2007
  • Скиц Секвенци хибридни песни, 2005

Users also searched:

...
...
...