Топ-100
Back

ⓘ Време, живот, филм. Време, живот e македонски игран филм по сценарио на Иван Митевски, а во режија на Русомир Богдановски. Музиката ја компонирал Љупчо Констант ..




                                     

ⓘ Време, живот (филм)

Време, живот e македонски игран филм по сценарио на Иван Митевски, а во режија на Русомир Богдановски. Музиката ја компонирал Љупчо Константинов.

Премиерата била одржана во 1999 година.

                                     

1. Кратка содржина

"Време, живот" е филм кој е преадаптиран од телевизиската серија од три епизоди "Трето доба", снимена во 1986 година. Уште оттогаш замислата била да се премонтира во игран филм и да се префрли на 35-милиметарска филмска лента, но поради материјално-техничките услови, оваа идеја не се остварила тогаш и чекала подобри времиња. Условите за реализација на таа идеја се појавија дури по 13 години од снимањето на серијата. Во овој филм станува збор за животот на старите луѓе во градската средина како што е Скопје, за љубовта во т.н. "трето доба" од животот, прикажана со блага нишка на хумор, и една лирска претпоставеност на карактерите. Протагонистите на оваа филмска приказна се луѓе кои работат на филм - од глумците, преку филмските техничари, па сè до статистите - во текот на снимањето на филм. Животните приказни на овие филмски работници им се испреплетуваат со приказните на ликовите од филмот чие снимање е во тек. Со неколкуте перипетии во кои тие стари, но витални луѓе покажуваат една завидна енергија, инвентивност и желба за живот и љубов, во филмот - полека но сигурно, се кристализираат односите меѓу нив, за на крајот, повеќето од нив да си ги пронајдат своите животни сопатници - и вон и во филмот, заклучувајќи дека во ниедно време од животот не е доцна да се живее со полна сила, и да се ужива во животот што на човека му е даден на располагање. Самиот ефект на изместеното време, онаа патина и оној дух што овој филм го носи со самиот факт дека повеќе од деценија нè дели од првичното снимање на - тогашната серија; потоа, ефектот на мекоцртач што произлегува од "blow-up”-от од 16-милиметарската на 35-милиметарска филмска лента, дава една романтична слика за луѓето и за годините кога добрината и луѓето не беа деградирани во цинизам и користољубие. Филмот така и завршува: секој со по нешто е во добивка: нова љубов, или пак возобновено пријателство. Но, затоа сите - со нов жар и нова енергија, го продолжуваат својот пат низ златната есен на нивните животи.

                                     
  •  Оваа статија поврзана со филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. Ангели на отпад е македонски филм од 1995 година, во режија
  • мозочен удар. По некое време нејзината состојба се влошува драматично и таа останува неподвижна. Тоа го усложнува секојдневниот живот на Жорж, кој мора да
  • филмот се одвива за време на Руското царство, а потоа и во СССР, за време на колетивизацијата. Во него е прикажан мачниот живот на еден земјоделец мужик
  • категории, меѓу кои и оние за најдобар филм за најдобра режија и за најдобра женска споредна улога Жилиет Бинош За време на снимањето на филмот бил присутен
  • современи политички и културни теми, честопати контроверзни. Тој за време на својот живот добил 3 Оскари, за најдобро адаптирано сценарио за Midnight Express
  • Марли и јас англиски: Marley and Me е американски комедија филм на од 2009 год. Филмот својата премиера ја имаше на Божиќ, на 25 декември и го освои
  • Сив врат - советски рачно цртан филм врз основа на приказната со истото име од Д.Н. Мамин - Сибиријак во 1948 година во студиото Сојузмултифилм Режисерите
  • вклучувајќи го и Оскарот за најдобар филм Лестер Бурнхем е 42 - годишен работник во една маркетинг агенција. Досадниот живот во предградијата го имаат претворено
  • Смислата на животот според Монти Пајтон е британски филм комедија мјузикл од 1983 година, продуциран и режиран од групата Монти Пајтон Филмот претставува

Users also searched:

...
...
...