Топ-100
Back

ⓘ Пливање на Летните олимписки игри 2012. Натпреварите во пливање на Летните олимписки игри 2012 се одржале од 28 јули до 4 август во Олимпискиот центар за водени ..




Пливање на Летните олимписки игри 2012
                                     

ⓘ Пливање на Летните олимписки игри 2012

Натпреварите во пливање на Летните олимписки игри 2012 се одржале од 28 јули до 4 август во Олимпискиот центар за водени спортови во Лондон. Маратонските натпревари беа одржани на 9 и 10 јули на вештачкото езеро во Хајд Паркот.

Беа одржани 34 пливачки дисциплини 17 машки и 17 женски. Од нив две беа одржани на отворено, а преостанатите 32 дисциплини во затворениот базен со должина од 50 метри.

Пливачите од Соединетите Американски Држави биле најуспешни, освојувајќи 31 медал од кои 16 златни.

Вкупно девет светски рекорди и дваесет и пет олимписки рекорди биле соборени за време на натпреварувањето.

                                     

1. Дисциплини

  • Штафети: 4×100 м краул, 4×200 м краул; 4×100 м мешано
  • Градно: 100 м и 200 м;
  • Грбно: 100 м и 200 м;
  • Делфин пеперутка: 100 м и 200 м;
  • Маратон: 10км во двете конкуренции
  • Краул слободен стил: 50 м, 100 м, 200 м и 400 м во двете конкуренции, плус 800 м за жени и 1.500 м за мажи;
  • Мешано: 200 м и 400 м;
                                     

2. Квалификации

Според правилата на ФИНА, секој НОК има право да пријави најмногу по два натпреварувачи во една дисциплина, и најмногу по еден тим во штафета. Секоја држава може да пријави максимално 52 натпреварувачи по 26 во двете конкуренции.

Наместо досегашните Б квалификациони норми, било поставено т.н. селективно време кое автоматски и не гарантирало настап на игрите како во случај со Б нормата, во услов да не постои натпреварувач со А норма.

Квалификационите норми изнесуваат:

                                     

3. Земји учеснички

ФИНА обајвила во почетокот на јули 2012 дека 166 држави ќе учествуваат во пливачките натпревари на ЛОИ 2012. Држави со квалификувани пливачи биле во заграда бројот на пливачи:

Users also searched:

...
...
...