Топ-100
Back

ⓘ Атлетика на Летните олимписки игри 2012. Натпреварите во атлетика на Летните олимписки игри 2012 се одржаа за време на последните десет дена од игрите, од 3 авг ..




                                     

ⓘ Атлетика на Летните олимписки игри 2012

Натпреварите во атлетика на Летните олимписки игри 2012 се одржаа за време на последните десет дена од игрите, од 3 август до 12 август 2012 година, на Олимпискиот стадион во Лондон. Натпреварите во маратон и брзо одење започнаа и завршија пред Бакингемската палата.

На натпреварите се појавија 2.231 спортист 1.160 мажи, 1.071 жени од 201 држава кои се натпреваруваа во вкупно 47 дисциплини. Машките натпреварувачи се натпреварувале во 24 дисциплини, а женските во 23, од кои 21 дисциплина биле еднакви за обете категории. Женските натпреварувачи се натпреварувале во трката на 100 метри со пречки и седмобој, додека машките натпреварувачи во трката на 110 метри со пречки и десетобој. Единствена дисциплина која не била дел од женската програма била трката во брзо одење на 50 километри.

                                     

1. Резултати

Мажи

СР = Светски Рекорд, ОР = Олимписки Рекорд

* Означува спортист кој настапил само во квалификациите.

Жени

* Означува спортист кој настапил само во квалификациите.
  • a На оригиналниот победник, Надежда Остапчук од Белорусија и бил одземен златниот медал бидејќи била позитивна на допинг тестот.
  • b На оригиналниот победник, Дарија Пишчаљникова од Русија и бил одземен сребрениот медал бидејќи била позитивна на допинг тестот.

Табела на медали

Забелешка: Тројца натпреварувачи биле изедначени за бронзениот медал во дисциплината скок во височина за мажи.

                                     

2. Рекорди

Вкупно четири светски рекорди и единаесет олимписки рекорди беа соборени на атлетското натпреварување на игрите во Лондон. Овој број беше помал од соборените рекорди на игрите во Пекинг каде беа соборени пет светски рекорди и седумнаесет олимписки рекорди, но поголем од соборените рекорди на игрите во Атина каде беа соборени два светски и десет олимписки рекорди.

Кинескиот атлетичар Чен Динг беше првиот атлетичар на игрите кој постави нов олимписки рекорд, подобрувајќи го времето во машката трката на 20 километри одење. Сите три олимписки рекорди во одење беа соборени во Лондон затоа што Сергеј Кирдјапкин поставил нов олимписки рекорд на трката на 50 километри одење за мажи и Елена Лашманова поставила нов олимписки рекорд во женската трка на 20 км одење.

Јусејн Болт беше првиот атлетичар на трките на патека кој постави нов олимписки рекорд одбранувајќи го златото на 100 метри со време од 9.63 с. Тој потоа заедно со штафетниот тим на Јамајка кој го сочинуваат Неста Картер, Мајкл Фрејтер и Јохан Блејк поставил нов светски рекорд на 4 × 100 метри со време од 36.84 с. На женската штафетна трка на 4 × 100 метри исто така бил соборен светскиот рекорд: американскиот тим составен од Тијана Медисон, Алисон Феликс, Бјанка Најт и Кармелита Џетер истрчал за време од 40.82 секунди подобрувајќи го претходниот рекорд стар 27 години за речиси половина секунда. Понатаму женски олимписки рекорди биле поставени од етиопијката Тики Гелана во маратонската трка, од Сали Пиросн во трката на 100 метри со пречки и од Татјана Лисенко во дисциплината фрлање кладиво.

Дејвид Рудиша успеа да го подобри својот сопствен светски рекорд на 800 метри истрчувајќи 1:40.91 минути, со што станал првиот човек кој го соборил тој рекорд на олимписки игри по Ралф Дубел кој тоа го сторил на игрите во 1968. Рено Лавилени бил единствениот атлетичар на игрите кој успеал да постави нов олимписки рекорд во дисциплините во поле, откако успеал да скокне 5.97 метри во дисциплината скок со стап.

                                     

3. Надворешни врски

  • Атлетика на ЛОИ 2012 на ББС Спорт
  • Атлетика на ЛОИ 2012 на мрежното место на ИААФ
  • Атлетика на ЛОИ 2012 Официјално мрежно место
  • Биографија на олимписките атлетичари

Users also searched:

...
...
...