Топ-100

ⓘ Free online encyclopedia. Did you know? page 170




                                               

Бона Деа

Во римската митологија, Бона Деа била божица на плодноста, лекувањето, девственоста и жените. Таа била ќерка на Фаун и понекогаш била нарекувана Фауна. Храмт на Бона Деа во Рим стоел на Авентинското брдо. На 4 декември, во куќата на некој познат ...

                                               

Бубрежен камен

Камен во бубрезите обично се создава во средиштето на бубрезите, каде што се собира мочта пред да оди во мочниот канал,цевка која води до мочниот меур. Тој се создава кога одредени материи во мочта-вклучувајќи калциум и мочна киселина- се кристал ...

                                               

Бубрежна слабост

Акутната бубрежна инсуфициенција, или скратено АБИ, е ненадејно губење на способноста на бубрезите да ја вршат нивната основна функција – елиминирање на вишокот течности и електролити, како и отпадниот материјал од крвта. Кога бубрезите ја губат ...

                                               

Дијабетична нефропатија

Симптомите се јавуваат 5 до 10 години по појавата на болеста. Вообичаен прв симптом е често мокрење во текот на ноќта: ноктурија. Други симптоми се замор, главоболка, малаксаност, гадење, повраќање, често мокрење во текот на денот, губиток на апе ...

                                               

Гастритис

Гастритис означува хистолошка слика на воспаление на желудочните структури предизвикано од бактерии од родот Helicobacter или од прекумерно лачење на желудочна киселина. Може да се појави како краткотрајна епизода или да биде долготраен. Симптоми ...

                                               

Чир на желудникот

Чир на желудникот или Улкус - претставува оштетување на гастроинтестиналната слузокожа како резултат на неможноста на епителните клетки да му се спротивстават на дејството на хлороводородната киселина и на пепсинот кои се присутни во органите за ...

                                               

Артритис

Артритис претставува воспаление на зглобовите. Постојат повеќе од 100 видови на артритис. Најчести форми се остеоартритис дегенеративна болест на зглобовите и ревматоиден артритис.

                                               

Ревматоиден артритис

Ревматоидниот артритис е хронична и прогресивна автоимуна болест која предизвикува воспаление, болка, оток и вкочанетост на зглобовите и ткивата околу зглобовите, како и ограничување на движењето и функцијата на различни зглобови.

                                               

Септичен артритис

Септичниот артритис најчесто ги погаѓа доенчињата и постарите лица, а најчесто страдаат колената и колковите. Најчесто е предизвикан од бактериски, габични или вирусни инфекции. Инфекцијата на зглобовите може да биде предизвикана од бактериите во ...

                                               

Алергиски дерматози

Поимот алергија означува појава на оштетување на клетките, предизвикана од различни имунобиолошки реакции. Алергиските болести се системски, со локализирана имунобиолошка реакција во различни органи. Алергиските реакции претставуваат имун одговор ...

                                               

Атопичен дерматит

Атопичен дерматит или Екзема е алергиско воспаление на кожата, кое често се нарекува и детско воспаление на кожата, при кое се јавува сув, црвен осип при што кожата се лупи и кој обично многу чеша. Понекогаш од осипот може да излегува течност или ...

                                               

Атрофија на кожата

Под атрофија на кожата се подразбира намалување или целосно исчезнување на поедини или сите составни делови на кожата. Овој процес може да ги опфати и епидермисот и кутисот. Атрофијата на кожата може да настане при раѓање или да се стекне покасно ...

                                               

Розацеа

Розацеата се изразува преку појава на црвенило на лицето, придружено со испукани капилари и гнојни брончиња. Не постои јасна причина за настанувањето на ова заболување, но дефинитивно се должи на претераната реактивност на капиларите, на претеран ...

                                               

Дискус хернија

Меѓу пршленските тела на `рбетот постојат меки и еластични, дисковидни тела кои имаат улога на амортизери, перничиња кои понекогаш знаат да попуштат под дејство на различни фактори. Кај младите луѓе овие меѓупршленски тела односно дискуси се меки ...

                                               

Јувенилен идиопатски артритис

Јувенилен идиопатски артритис - системско ревматолошко заболување, т.е. форма на артритис која се јавува кај децата под 16-годишна возраст. Тоа е хронична болест која ги зафаќа зглобовите.

                                               

Остеопороза

Остеопорозата е болест при која ослабувањето на коските го зголемува ризикот од појава на нивни скршеници. Претставува најчеста причина за скршеници на коски кај постари лица. Коските кои најчесто се подложни на скршеници се пршлените на рбетниот ...

                                               

Инфекција на уринарниот тракт

Уринарната инфекција е прилично честа мачнина, која се јавува кога микроорганизмите што живеат во урогениталниот тракт во цревата ќе навлезат во мочниот меур. Речиси 90% од уринарните инфекции се предизвикани од бактеријата ешерихија коли која во ...

                                               

Акутен панкреатит

Главна улога во настанувањето на акутниот панкреатит кај нас во 80% од случаите имаат болестите на билијарниот систем жолчните патишта и жолчната ќеса, додека алкохолизмот е главна причина за настанување на хроничниот панкреатит. Во Америка тоа е ...

                                               

Кронова болест

Кронова болест е неспецифичен хронично воспалителен процес на тенкото црево што се карактеризира со стеснување на тенкото црево поради воспаленија, а може да се јави и на дебелото црево. Кај оваа болест се јавуваат многу ранички, чиреви на ѕидот ...

                                               

Отитис медиа

Отитис медиа е група на воспалителни заболувања на средното уво. Два главни типа се акутен отитис медиа и отитис медиа со ефузија. AOM е инфекција со брз почеток која вообичаено се карактеризира со болка во увото. Кај помали деца ова може да резу ...

                                               

Полимиозитис

Полимиозитис е еден вид хронично воспаление на мускулите со автоимуно потекло.Припаѓа во групата мускулни заболувања позната како воспалителни миопатии. Тие се карактеризираат со хронично воспаление на скелетните мускули и слабост на мускулите од ...

                                               

Гоше

Гоше или Болеста на Гоше или Гошева болест е ретко наследно генетско нарушување при кое глукоцереброзид се акумулира во одредени клетки и органи. Нарушувањето се карактеризира со модринки, замор, анемија, тромбоцитопенија, хепатомегалија и сплено ...

                                               

Леукоенцефалопатија со аксонални сфероиди и пигментирана глија кај возрасни (АЛСП)

Леукоенцефалопатија со аксонални сфероиди и пигментирана глија кај возрасни: 1 / 1 000 000) е ретко автосомно доминантно нарушување кај возрасните, карактеризирано со дегенерација на церебрална бела материја со демиелинизација и аксонални сфероид ...

                                               

Прадер-Вили синдром

Прадер-Вили синдром е генетско нарушување кое настанува поради губиток на функцијата на одредени гени. Кај новороденчиња, симптомите вклучуваат мускулна слабост, проблеми со цицање, и забавен развој. Почнувајќи од детството се јавува константна п ...

                                               

Ахондроплазија

Ахондроплазија - генетско нарушување што резултира во џуџе. Кај овие состојби, рацете и нозете се кратки, додека торзото е обично со нормална должина. Погодените од оваа болест имаат просечна висина на возрасни од 131 сантиметар кај мажи и 123 са ...

                                               

Вилсонова болест

Вилсонова болест, уште позната како хепатолентикуларна дегенерација, е генетско нарушување на метаболизмот на бакарот, кое се карактеризира со таложење на бакар во црниот дроб, мозокот и очите. Се манифестира со невролошки симптоми и/или болести ...

                                               

Меланизам

Меланизам - физиолошка појава при која се јавува зголемена црна или близу црна пигментација, било да е тоа на кожата, пердувите, лушпите на пеперуткините крила или влакната на еден организам. Се јавува како резултат на присуството на пигментот ме ...

                                               

Хантингтонова болест

Хантингтонова болест, хореја или нарушување е прогресивна невродегенертивна генетска болест која влијае врз мускулната контракција и некои когнитивни функции, типично станувајќи препознатлива во средното доба од животот. Таа е најчестата генетска ...

                                               

Грип

Грипот или инфлуенца - заразна болест предизвикана од вирусите на рибонуклеинската киселина од фамилијата на вирусите на грипот која најчесто ги напаѓа птиците и цицачите. Најчести симптоми коишто се јавуваат при оваа болест се треска, настинкa, ...

                                               

Ехинококоза

Ехинококоза, исто така наречена хидатично заболување, хидатиоза, или ехинококо заболување, е паразитско заболување од тенија од видот на Ехинокока. Луѓето заболуваат од два типа на заболување, цистична ехинококоза и алвеоларна ехинококоза. Има дв ...

                                               

Дерматофитоза

Дерматофитоза е габично заболување предизвикано од посебна група на габи, наречени дерматофити. Во дерматофити спаѓаат родовите: Trychophyton, Microsporum и Epidermophyton. Тие паразитираат во кератинските делови на кожата и кожните израстои нокт ...

                                               

Дифтерија

Дифтерија претставува тешко акутно инфективно контагинозно заболување кое клинички се манифестира со локално воспаление и псевдомембранозни налепи на тонзилите и ждрелото, општа интоксикација на организмот и многубројни компликации. Предизвикувач ...

                                               

Жолта треска

Жолта треска, историски позната како американска чума или жолта чума, е акутна вирусна болест. Во повеќето случаи симптомите вклучуваат треска, настинка, губење на апетит, гадење, болки во мускулите, особено во грбот и главоболки. Симптомите се п ...

                                               

Кандидијаза

Кандидијаза е габична инфекција предизвикана од кој и да било вид на Candida. Повеќе од 20 видови на Candida можат да предизвикаат инфекција, од кои габичката Candida albicans е најчестиот причинител. Најголемиот дел од кандидите паразитираат на ...

                                               

Колера

Колерата е акутно, инфекциско заболување ендемско за Азија. Колерата ја предизвикува Vibrio cholerae во два биотипа - класичен и El Tor. Вториот тип може да преживее подолго во природа, може да предизвика субклинички случаи, има подолг период на ...

                                               

Легионерска болест

Легионерската болест или легионелоза е инфекција на белите дробови пневмонија што ја предизвикуваат бактерии од фамилијата Легионела. Најголемиот број пријавени случаи на легионерска болест се предизвикани од бактеријата Легионела пневмофилија. С ...

                                               

Настинка

Обичната настинка, позната и како назофарингитис или ринофарингитис е заразна болест која лесно се шири на горниот респираторен систем, што се одразува главно кај носот. Симптомите вклучувааат кашлица, болно грло, растечен нос ринореја и треска. ...

                                               

Пневмонија

Пневмонија или воспаление на белите дробови е една од честите болести на белите дробови. Најчести причини се бактерии и вируси. Некогаш тоа било неизлечлива болест со голем процент на смртност. Со развојот на медицина смртноста од оваа болест зна ...

                                               

Раседнодолинска треска

Раседнодолинска треска - вирусно заболување коешто може да предизвика умерени до силно изразени симптоми. Во умерените симптоми спаѓаат: треска, болки во мускулите и главоболки коишто честопати траат и до цела недела. Во силно изразените симптоми ...

                                               

Сипаници

Сипаница лат. variola или variola vera e заразна болест својствена за човекот, ја предизвикуваат два вида вируси на вариола наречени variola vera major и variola vera minor.

                                               

Туберкулоза

Туберкулоза сушица или офтика - заразна болест предизвикана од микобактеријата Mycobacterium tuberculosis откриена од Роберт Кох 1882 и во негова чест уште се нарекува Кохов бацил. Ако не се лекува годишно секој заболен со активна форма на болест ...

                                               

Инфективни заболувања предизвикани од бактерии

Стрептококции претставуваат акутни инфективни бактериски заболувања. Стрептококната ангина претставува акутно инфективно бактериско заболување кое клинички се манифестира како гнојно воспаление на тонзилите. Шарлахот претставува акутно инфективно ...

                                               

Адисонова болест

Адисонова болест, позната и како примарна надбубрежна инсуфициенција и хипокортизолизам, - долгорочно ендокрино нарушување во кое надбубрежните жлезди не произведуваат доволно стероидни хормони. Hадбубрежните жлезди се парни жлезди сместени над б ...

                                               

Акутен коронарен синдром

Акутен коронарен синдром е синдром кои се јавуваат поради намален проток на крв во коронарните артерии при што дел од срцевиот мускул не функционира соодветно или изумира. Најчест симптом е градна болка, која често зрачи кон левото рамо или аголо ...

                                               

Анафилакса

Анафилакса е сериозна алергиска реакција која започнува ненадејно и може да предизвика смрт. Анафилаксата обично се манифестира со одредени симптоми, вклучувајќи исип кој чеша, отечено грло и низок крвен притисок. Вообичаени причинители се убоди ...

                                               

Белодробен едем

Белодробен едем претставува најтежок облик на акутно настаната стаза во белите дробови, што се јавува при акутна лево срцева слабост. Тоа претставува една ургентна состојба, која го загрозува животот и бара итна медицинска интервенција.

                                               

Латродектизам

Латродектизам е клинички синдром на труење предизвикан од невротоксичниот отров латротоксин, што може да биде инјектиран при каснување од кој било пајак што припаѓа на родот Latrodectus, во фамилијата Theridiidae. Најпознати членови на родот Latr ...

                                               

Невролептичен злоќуден синдром

Невролептичен злоќуден синдром е живото-загрозувачка реакција која може да се појави како одговор на употребата на невролептичен или антипсихотичен лек. Симптомите вклучуваат треска, конфузија, ригидна мускулатура, варијабилност на крвниот притис ...

                                               

Срцев удар

Срцев удар, устрел, дамла, шлог или миокарден инфаркт е израз што се користи кога коронарната артерија наеднаш ќе се затне со грутка крв и делот од срцевиот мускул што е снабдуван од таа артерија ќе се оштети, затоа што е лишен од кислород. Главн ...

                                               

Труење со јаглерод моноксид

Труење со јаглерод моноксид вообичаено се случува поради вдишување на поголемо количество на јаглерод моноксид. Симптомите често се опишуваат како "слични на грип" и вообичаено вклучуваат главоболка, вртоглавица, слабост, повраќање, градна болка, ...